Меган Маркл упатила храбро барање до кралот Чарлс и покажала дека не се плаши од ништо: За ова навистина треба да се има храброст!

Прочитајте

Меган Маркл уште еднаш покажала дека не се плаши од ништо

Меган Маркл побарала да се состане со кралот насамо, за да се смират и да ги расчистат односите пред таа и Хари да отпатуваат за Калифорнија.

Добро информиран извор тврди дека слушнал дека американската актерка му испратила писмо на кралот Чарлс Трети во кое го замолува за приватен разговор.

Во писмото пишувало дека сака да се состанат пред да се вратат во Калифорнија, каде што ги чекаат децата.

Се претпоставува дека Меган и Хари моментално се во Виндзор по државниот погреб, но дека нема да се задржат долго, со оглед на тоа што речиси две недели се во Велика Британија и веќе долго време се разделени од децата Арчи (3) и Лилибет (1).

„Пред да се врати во Калифорнија, таа би сакала да се состане насамо со кралот“, рекол новинар од една медиумска куќа и пренел дека оваа информација е проверена.

„Тоа е многу храбар потег од самата Меган. Ова е можност да ги средат односите, да разјаснат што е праведно, а што не и да објаснат некои свои постапки од изминативе две години. Мора да се признае дека самодовербата на Меган е за восхит, без разлика што мислите за неа“, рекол новинарот.

Но никому не му е јасно дали тоа писмо ќе успее да ги подобри ладните односи во кралското семејство.

Потегот за кој сите зборуваат: Едни се трогнати, а други згрозени од лицемерието на Меган Маркл (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.