Тајната на совршената линија на Рене Зелвегер: Поради оваа диета, и на 52 години има 48 килограми (МЕНИ)

Патот до витата линија не е толку тежок

Проверен начин да стигнете до совршена линија

Поради улогите, често морала да качи по некој килограм, но секогаш успевала со голема брзина да се врати на почетната тежина. Рене Зелвегер открила кој е најдобриот и најбрзиот пат до идеалната линија.

Нејзината тајна лежи во диетата што ја креирал доктор Бари Сирс. Приоритетот на оваа диета не е само симнување килограми, туку и подобрување на здравјето.

„Многу ми беше важно моето здравје да биде одлично во секој момент“, рекла актерката.

Рене Зелвегер

Принципот на диетата подразбира придржување до специфичен сооднос на внесување храна. Според планот на исхрана, за време на овој режим секој ден треба да се внесуваат 40 отсто јаглехидрати, 30 отсто протеини и 30 отсто масти.

Овие проценти не мора да бидат измерени до грам. Доктор Бари советува да се водиме според чувството кога станува збор за количината. Секој оброк треба да содржи една третина протеини и две третини јаглехидрати со малку масти.

Освен овој режим на исхрана, Рене нагласила дека редовното одење во вежбалница исто така е заслужно за брзото враќање на почетните килограми.

„Физичката активност е од пресудно значење за добро расположение“, заклучила таа.

Актерката се појавила со протези и 30 килограми вишок: Ја немате видено Рене Зелвегер во вакво издание!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.