Почина познатиот француски дизајнер на 73. години: Го обожаваа познатите личности! (ФОТО)

Негови клиенти беа и Ким Кардашијан и Лејди Гага...

Фото: Инстаграм

Познатиот француски моден дизајнер Тјери Муглер, чии креации носеле членовите на кралското семејство, потоа Ким Кардашијан, па Лејди Гага и многу други, почина на 73 години.

Официјалната страница на Муглер неговата смрт ја потврди во неделата вечерта.

– Ужаснати сме што објавуваме дека господиниот Манфред Тјери Муглер почина во неделата на 23-ти јануари – 2022 година. Нека му почива душата во мир – стои во соопштението.

Причината за неговата смрт се уште не е позната.

Муглер, кој својот бренд го оформил во 1970 година, претрпел повеќе сериозни повреди последниве години, вклучувајќи и сообраќајна незгода и несреќа во теретана, по која била неопходна пластична операција и го оставила скоро непрезнатлив.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.