Сок за слабеење: Овој рецепт го погледнале околу 2 милиона луѓе на Интернет! (ВИДЕО)

Апсолутен хит!

Ако сакате да ослабите, слабејте на здрав начин

Кога Питер Карвел на својот јутјуб-канал објавил рецепт и приготвување на фантастична напивка за слабеење, сите полуделе по него! Станува збор за рецепт што тој го добил од славен британски хомеопат, а не е ни чудо што за краток временски период го погледнале речиси два милиона луѓе. Еве зошто!

Имено, ако не сте некој љубител на зеленчук, природните сокови се одличен начин да внесете хранливи материи во вашето тело. Но ако ги искомбинирате и вистинските намирници, ќе добиете моќна напивка што ги топи наслагите на стомакот и го чисти организмот од насобраните токсини.

Затоа, побрзајте да ги набавите овие намирници и пригответе ја оваа одлична напивка!

Состојки:
  • 1 големо цвекло
  • 2-3 свежи моркови
  • 4-5 стапчиња целер
  • 1 грст свеж спанаќ
  • 1 јаболко
  • 1 свежа краставица
  • 2 рдокви
  • 1 корен од свеж ѓумбир (со големина од 1 сантиметар)
  • 1 лимон
Приготвување:

Исчистениот зеленчук и јаболкото исцедете ги во соковник и испијте го сокот!

Сокот најдобро е да се консумира наутро, а од овие намирници ќе добиете околу 500 мл сок. Оние што ја пробале оваа напивка, тврдат дека е многу хранлива и дека може да замени мултивитаминска таблета, па дури и појадок!

Погледнете го видеото и пробајте го рецептот – ќе се воодушевите од резултатите…

Омилениот зелен кашест сок на супермоделот Синди Крафорд
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.