Со што да се освежите по жештините?

Добро е да знаеме

Фото: Getty Images

– Еве ладна минерална вода! Пијте! – ѝ реков подавајќи ѝ ја оросената чаша вода на мојата тетка (патем, таа беше лекарка, сега е во пензија).

– Од фрижидер?! – ја подигна тетка ми едната веѓа, а на аглите на усните ѝ се појави иронична насмевка. – Ти да не си споулавел, ја сакаш мојата смрт?

Зошто ви го раскажувам сето ова? Колку што се сеќавам, оваа година имавме едно од пожешките лета, температурата одеше и до 40 степени. Кого да го прашам како да истрпам таква жештина? Што да јадам и, што е најважно – што да пијам? Токму тетка ми ми даде два совета што ја гасат жедта, а не го нарушуваат здравјето!

* Дланка суви кајсии прелејте со литар зовриена вода. Изладете  ги на собна температура и ставете ги во фрижидер. Ваквата напивка по жештините го одржува срцето здраво, а добро влијае и на притисокот. Корисно е да пиете по една чаша на гладно. Максималната дневна норма е еден литар.

* Жедта одлично ја гаси несолен сок од домати – до еден литар дневно. Тој е одличен диуретик и холеретик. Само немојте да додавате сол, инаку целата корист одеднаш ќе се сведе на нула.

! Контраиндикации: компликации на заболувања на гастроинтестиналниот тракт.

* Добро ќе дојде и шолја какао (со минимум шеќер). Оваа напивка го зголемува животниот тонус и забележително го подобрува расположението.

Текст: Јегор Павлушенко, фитотерапевт, Брест

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.