Со помош на овие намирници богати со протеини ќе ги зачувате мускулите дури и ако малку се опуштите

Кога ќе помислите на храна богата со протеини што може да ве издржи долго време, најверојатно немате многу на ум. Конзервирана туна? Појадок со месо?

На долг рок, невозможно е да се јаде само горенаведеното и да се очекува дека таквите работи нема да ви се здосадат, а можеби и штетат на вашето здравје затоа што умерена и урамнотежена исхрана е клучот за успехот.

Ако барате долготрајна храна која ќе помогне во зачувувањето на мускулите за време на оваа изолација, еве што советуваат диететичарите:

Семе од леќа

Оваа храна може да биде алтернатива на оризот или житарките. Семето на леќата може да биде основа на протеински појадок, може да се користи како основа за супа или да го замени белото брашно. Половина чаша варено семе од леќата содржи шест грама протеини.

Путер од кикирики во прав

Брза и вкусна замена на протеини за вашите мускули. Две лажици путер од кикирики во прав содржат седум грама протеини. Купете го оној што не содржи додаден шеќер и додајте го во шејкови, овесна каша или енергетски плочки.

Леќа

Леќата има висока содржина на протеини. Можете да ја јадете како чорба, супа, да ја додадете во салати или чили.

Сардина

Покрај тоа што се богати со протеини, сардините содржат и витамин Д и омега-3 масни киселини.

Ф’стаци

Јаткастите плодови имаат голем дел од протеини и растителни влакна. Освен што се користат како закуска, тие се и вкусни како додаток на салати или супи.

Семки од тиква

Во 28 грама семки од тиква има седум грама протеини. Тие исто така обезбедуваат здрава доза на маснотии, како и неколку видови на витамини и минерали. Тие одат добро со урда, јогурт, кашест сок, овесна каша или салати.

Прочитајте и: Сѐ започнува од исхраната: Намирници кои може да го подобрат вашето расположение

 

ФОТО: Unsplash

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.