Сѐ започнува од исхраната: Намирници кои може да го подобрат вашето расположение

Природен лек

ФОТО: Pexels

Промените во расположението не се невообичаени за време на изолацијата. Времето пред нас е неизвесно и тоа може да влијае на нашите емоции и однесување. За среќа, има храна што може да го подобри расположението, како што откри нутриционистката Кели Роуз.

Јаткасти плодови и семиња

Кога немате што да подготвите, јаткастите плодови и семиња се одличен избор за ужина.

„Тие не само што имаат одлични нивоа на протеини, масти, антиоксиданти и растителни влакна, туку се богати со триптофан, аминокиселина која е неопходна за производство на серотонин што го регулира расположението, апетитот, варењето на храната, спиењето, сексуалната желба и меморијата“, објаснува Роуз.

Нејзиниот совет е да посегнете кон индиски ореви, ореви, бадеми, како и семки од тиква, сончоглед и сусам. Можете да ги јадете како ужина или да ги додадете во салати и други јадења.

Лиснат зелен зеленчук

Многу луѓе не јадат доволно зелен зеленчук.

„Богат е со фолат, кој ја намалува надуеноста и го подобрува расположението, како и витамин Ц, кој го зајакнува имунолошкиот систем“, додава Роуз.

Спанаќ, зелена салата, блитва, кељ, босилек и други зачини се само неколку примери на храна што треба да ја конзумирате.

Мешунки и леќа

Покрај тоа што содржат влакна кои се важни за здраво варење, мешунките и леќата содржат четири од 12-те хранливи материи кои се сметаат за клучни за менталното здравје.

Од мешунките и леќата можете да подготвите супи, чорби, салати, хамбургери, чили и многу други вкусни јадења.

Цели зрна

Овде се вклучени и оризот и овесот.

„Целите зрна содржат антиоксиданти, витамин Б и голем број важни хранливи материи“, истакнува Роуз.

Лук

Иако може да предизвика лош здив, лукот е важен за здравјето. Богат е со цинк, ја намалува вознемиреноста и го намалува стресот. Само додајте го во чинија или салата како зачин.

Пиперка

Пиперките се полни со витамини. Ц, А и Е се најважни, а има и други антиоксиданти кои имаат корисен ефект врз расположението на луѓето. Пиперките можат да се јадат сурови или да се додадат во оброците.

Авокадо

Се нарекува суперхрана со добра причина. Има голема содржина на антиоксиданти, протеини, здрави масти, јаглени хидрати и растителни влакна. Исто така, богато е со магнезиум, железо, цинк и витамини А, Е и Ц.

Можете да додадете авокадо во пијалак, да направите гуакамоле или да го јадете со тостиран леб.

Морска храна

Некои од рибните продавници на пазарите повторно се отворија, така што е вистинско време да се складираат риби и морска храна.

„Цинкот во морска храна помага во намалување на депресијата и е одличен за здравјето на дигестивниот систем. Б-12 се наоѓа во оваа храна и го подобрува расположението “, вели Роуз.

Топол какао пијалак

Темното чоколадо со содржина какао од 75 до 90 проценти содржи полифеноли кои го подобруваат расположението. Ако таквите пијалаци ви се горчливи, можете да ги засладите со стевија, што е природен засладувач.

Прочитајте и: Најздравото овошје што можете да го јадете

 

ФОТО: Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.