Поради овој трик за слабеење, Џеј Ло има тело на божица: За само 12 дена ќе имате вита става како неа!

Одлично!

Диетите се многу мачни и честопати не дејствуваат, особено кога ќе наполниме одредени години. Но, сепак, постои начин да ја доведете линијата во ред без мака

Станува збор за трик за слабеење што го гарантираат славни личности, како Џенифер Лопез и Лив Тајлер, а резултатот е видлив по само две недели.

Правилото за слабеење гласи „јаглехидрати до 14.30 часот“, а го смислил славниот тренер на латино-дивата, Дејвид Кирш.

Станува збор за мини интервален пост, во кој внесувањето јаглехидрати е ограничено на утрото и раното попладне. Во овој временски период дозволени се овесни снегулки, тестенини, мешунки…

По 14.30 часот, менито вклучува намирници богати со протеини, како што се месо, риба, сирење и многу свежо овошје, зеленчук и салата.

Зошто овој трик е толку ефикасен?

Имено, внесувањето јаглехидрати до пладне ни ја дава енергијата што ќе ни помогне да го издржиме денот и ќе нè одржи фокусирани.

Покрај тоа, доволно ќе се движиме до вечерта за да можат да се согорат јаглехидратите.

Меѓутоа, навечер е поинаку: ако уживаме во голема пица, а потоа си легнеме, вишокот енергија ќе се претвори во масно ткиво, поради што ќе се здебелиме.

Колку точно јаглехидрати смееме да внесеме во организмот до 14.30 часот е потполно индивидуално. Секако, на оној што работи тешка физичка работа ќе му требаат повеќе од оној што седи осум часа.

Меѓутоа, според советот на Кирш, треба да го слушате своето тело и да јадете само тогаш кога сте навистина гладни. По околу 12 дена, резултатите ќе бидат одлични.

Вака тренира Џенифер Лопез: Ефикасна 20-минутна фитнес програма
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.