Вака тренира Џенифер Лопез: Ефикасна 20-минутна фитнес програма

Партнерот на Џенифер Лопез, Алекс Родригез, објави видео на својот канал на „Јутјуб“, во кое накратко се опишува фитнес програмата што ја следи пејачката.

Џенифер очигледно има добри гени, но таа исто така работи многу напорно за да ги одржи пропорциите. Познато е дека таа е љубител на фитнесот и за да остане во форма мора да тренира секој ден.

Всушност, латино-ѕвездата прави промени во својата фитнес програма, изведувајќи бесконечни часови танц и вежбање кои комбинираат аеробик со зајакнување на мускулите. Нејзиниот партнер, Алекс Родригез, објави видео на својот канал на Youtube кое накратко ја опишува фитнес програмата и вежбите на Џенифер.

Ова е 20-минутна програма, благодарение на која согорувате многу калории. Тренингот го вклучува целото семејство и додека пејачката многу се поти и се заморува, таа секогаш има добро друштво. Оваа сесија вклучува аеробни вежби и вежби за силата.

Што вклучува 20-минутната фитнес програма?

  • 400 метри брзо трчање
  • сквотови со тегови (15 повторувања)
  • 10 склекови
  • вежби за рамо со тегови (15 повторувања)
  • Bent-over row – вежба за мускули на грбот (15 повторувања)

Прочитајте и: Вежба што го затегнува целото тело: Ги лечи болките во грбот и ги топи масните наслаги!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.