Поправете ги грешките во исхраната и продолжете си го животот

Извлечете корист од нив за да живеете долго и среќно

Речиси сите болести и предвремената смрт зависат главно од нашата исхрана и нездрави навики, сметаат лекарите. Ви ги претставуваме осумте најчести грешки во исхраната на кои предупредува познатиот руски доктор Куренов.

Малкумина луѓе знаат дека големиот стомак е резултат на долгогодишно насобирање отпадни материи во дебелото црево. Тоа се случува главно поради употреба на скробна и готвена, печена и пржена храна. И сето тоа се случува затоа што молекулот на скробот не е растворлив ни во вода ни во алкохол. Како последица на тоа, таквата „мртва“ храна се таложи на ѕидовите на дебелото црево.

Скробната храна ја нарушува исхраната на клетките

При употреба на леб, компири, ориз и други производи што содржат скроб, стигнувајќи од дебелото црево во системот на нашиот крвоток, нерастворливите честички од скробот како да ја загадуваат крвта, додавајќи своевидна нерастворлива „јарма“ во неа. Но, трудејќи се да се ослободи од оваа „јарма“, крвта, на крајот, наоѓа за неа своевидни складишта во различни органи, главно на ѕидовите на дебелото црево, нарушувајќи ја исхраната на клетките на самите црева и другите органи. Како последица на консумирање готвена, печена и пржена храна, „нѐ мачи глад“. Тогаш е подобро ништо да не јадеме и да малку да гладуваме, на пр. ден-два, отколку да јадеме така преработена некорисна, поточно, штетна храна. Наспроти тоа, билната храна, особено суровата, ги прехранува ѕидовите на дебелото црево и како метла го чисти нашиот организам од сѐ што се наоѓа на патот до ректумот.

За да ја поправиме грешката, мора да знаеме што не е во ред…

Истражувајќи со години, руските лекари откриле многу сериозни грешки во исхраната. Ќе ги наведеме онака како што своевремено ги запишал познатиот доктор П.М. Куренов:

1 Зголемен внес на белковини поради погрешно вкоренетото мислење дека само белковините му даваат сила на организмот (оттаму постојаното гниење на белковините во цревата и труење на крвта).

2 Непознавање на правилните начини на приготвување храна (предолго готвење, испарување на корисните минерални соли, уништување на витамините, претворање на микроелементите во облик што не може да се апсорбира).

3 Употреба на бел леб, земички, колачи, слатки и бел шеќер, поради што крвта станува презаситена со киселини, а јаглехидратите постојано ферментираат во желудникот. Од друга страна, постојаниот недостиг од базни производа во нашиот организам ја прави невозможна потребната неутрализација на киселините што се создаваат како од исхраната со белковини, така и од ферментацијата на јаглехидратите.

4 Недоволна употреба на суров зеленчук и овошје, во кои се наоѓаат минерални соли, витамини и ферменти.

5 Неконсумирање здрави сорти леб, зеленчук и овошје, со многу седење, предизвикува хронична тромост на желудникот и дебелото црево, што од своја страна доведува до запек и самотруење на целиот организам.

6 Изобилство месни производи, супи, пикантни месни сосови, злоупотреба на алкохол и на пиво ги уништува бубрезите и црниот дроб предвреме, уште пред 40-та година, скратувајќи го нашиот живот за 15–20 години.

7 Недостиг од желба внимателно да го контролираме секое труење на нашиот организам, да се ослободиме од навиката да земаме штетна храна и пијалаци, претерување со кој било прехранбен производ – резултираат со некакво заболување.

8 Застапеност на млеко во исхраната, особено кравјо. Употребата на млеко, особено пастеризирано, предизвикува запек, нешто што многумина не го знаат. Иако, споровите за употребата на млекото траат и ден-денес. Можеме само да препорачаме млекото да го замените со киселомлечни производи, кои ни даваат калциум (исто како и млекото), а ацидофилните киселомлечни производи помагаат да ја воспоставиме работата на желудочниот тракт и, колку и да звучи чудно, го продолжуваат човечкиот живот.

За 40 години живот човекот јаде 14.000 појадоци, ручеци и вечери. Доколку целото тоа време се хранел со скробна и готвена храна, тогаш секое такво јадење, поминувајќи низ дебелото црево, оставало слој отпадни материи. Патем, тоа е една од главните причини за запек.

Подготвил: професор Валентин Дубин, стручен соработник на Институтот за натуропатија во Москва

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.