Неверојатно здрава житарка: Изобилува со витамини и минерали, а помага за регулирање на холестеролот и шеќерот во крвта!

Вклучете ја во исхраната

Со добра причина ја викаат најздравата житарка

Киноата не е вистинска житарка, иако се приготвува, се консумира и содржи еднакви нутритивни вредности како и житарките, но всушност, спаѓа во семејството треви.

Киноата е богата со многу минерали, како што се магнезиум, манган, железо, бакар, фосфор, цинк, селен, калиум и калциум, кои се неопходни за правилно функционирање на човечкиот организам.

Покрај минерали, содржи и голема количина на витамини, и тоа витамини Б комплекси и витамин Е. Исто така, содржи и голема количина на влакна, па поволно влијае врз метаболизмот.

Она што е важно да се спомене е тоа што киноата ги содржи сите 8 аминокиселини, кои му се потребни на човекот, за разлика од другите житарки кои содржат најмногу три, поради што оваа билка се смета за суперхрана.

Ова се сите лековити својства на киноата:

Може да го регулира холестеролот

Високата концентрација на влакна што ги содржи киноата помага за снижување на покачениот холестерол. Кога влакната ќе се измешаат со жолчната киселина што се лачи во телото, го снижуваат лошиот ЛДЛ холестерол. Луѓето кои страдаат од покачен холестерол и треба да ја намалат консумацијата на животински протеини, киноата е идеална растителна замена за нив.

Го контролира крвниот притисок

Познато е дека калиумот позитивно влијае врз крвниот притисок. Киноата дефинитивно содржи калиум повеќе од сите други житарки, а тој го одржува здравиот биланс на натриум во организмот, што може да влијае врз снижувањето на покачениот крвен притисок.

Помага за слабеење

Влакната и протеините што ги содржи киноата даваат енергија, но го одржуваат и чувството на ситост. Освен тоа, можат да го забрзаат метаболизмот и да ја регулираат работата на дигестивниот тракт.

Може да го намали ризикот од дијабетес

Апсорбирачките влакна што ги содржи киноата го контролираат нивото на шеќер во крвта. Благодарение на фенолната киселина, витаминот Е и полисахаридот, може да се спречат несаканите воспалителни процеси што се поврзани со ризикот од појава на дијабетес тип 2.

Ориз или киноа: Што е поздраво?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.