Нервозни и под стрес? Овој чај ја враќа позитивната енергија!

Здравје

Ако сте напнати или имате лош ден, смирете го организмот на природен начин. Чајот од маточина помага да го намалиме стресот – оваа напивка е природен еликсир против нервоза.

Кога сте напанти, под стрес или нервозни, пробајте после напорниот ден да се опуштите со шолја здрав и природен напиток. Станува збор за чај од маточина.

Истражувањата покажуваат дека маточината може да го намали стресот и аксиозноста. Билката содржи аминобутерна киселина (ГАБА) која влијае на мозокот и поттикнува намалување на стресот. Чајот од маточина може да помогне во намалувањето на неповолното расположение, да ја подобри енергијата, а дури и позитивно да влијае на сексуалната желба.

Освен тоа што брзо помага со нервозата, маточината има и антимикробни својства и го намалува ризикот од инфекции.

Преполн е со антиоксиданси кои се неопходни за детоксикација и заштита на телото од штета која може да предизвика слободни радикали.

Меѓутоа, за целите на детоксикацијата се препорачува употреба на свежи листови на маточина затоа што со готвењето се намалува нивото на антиоксиданси.

Важно е да се напомене дека со маточината не треба да се претерува, бидејќи може да предизвика контраефект и да ја зајакне аксиозноста кога се зема во големи количини.

Како да се направи чај од маточина:

Една лажица маточина прелијте со 200мл зовриена вода и оставете да отстои 10 минути. Процедете го чајот и уживајте во напитокот.

Маточината има благ и пријатен вкус, а за дополнително задоволство можете да го засладите со малку органски мед. За здравје, маточината се користи и во форма на ароматерапија, а како додаток во исхраната се консумира и тинктура од ова растение.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време