Ја изневери, па моли за прошка: Емили не попушта, сака развод!

Се покајал

Сè повеќе се шушка дека Емили Ратајковски и Себастијан Бер-Меклард го прекинале односот минатиот месец и дека манекенката планира да се разведе, бидејќи дознала дека сопругот ја изневерува.

Емили и Себастијан, кои според нивните пријатели важеле за моќна, креативна и многу специфична двојка, се разведуваат.

Себастијан ја моли да му даде уште една шанса. Тоа нема да се случи затоа што таа сама истражуваше и откри уште повеќе работи што тој ѝ ги правел зад нејзиниот грб“, изјави за „Пејџ сикс“ извор близок до Емили Ратајковски (31).

Гласините дополнително беа „загреани“ со сликите на кои Емили не ја носи бурмата, додека Себастијан (41) не ја симнува бурмата. Работите веќе отидоа толку далеку што познатата бринета веќе поднела барање за развод, открил изворот.

Она што го имаа беше навистина посебно. Сите нивни пријатели сакаа да ги гледаат во весниците и на насловните страници. Беше прекрасно, но секако најдобрите врски завршуваат на многу лош начин. Не знам која е вистината за однесувањето на Себастијан, не го бранам, но знам дека и двајцата се нервираат. Толку е тажно“, сподели пријател на поранешната двојка, која се венчаше во 2018 година по само две недели врска.

Во март 2021 година, тие го добија синот Силвестер, а Емили ја објави веста за нејзината бременост во специјалното видео за „Вог“ во режија на Лена Данам. Таа рече дека не сака да го знае полот на бебето бидејќи нејзиното дете само ќе одлучи дали ќе биде момче или девојче.

Емили и Себастијан потекнуваат од семејства на уметници. И таа и неговите родители се занимаваат со уметност, а неговите блиски велат дека е еден од водечките луѓе на „Големото јаболко“, кое е рај за креативците.

И без сомнение, манекенката и фотографот беа прекрасен пар. Но не ги избегнаа ниту негативните коментари како оној дека можела да си најде многу поубав сопруг. Така зборуваа нејзините обожаватели кои даваа површни проценки, а токму поради ваквите реакции многумина сега беа изненадени од веста дека ја изневерил. „Критичарите“ очекуваа дека ќе биде поинаку.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.