Навики на најстарата спортистка на светот: Доживеала 106 години и открила што е лекот! (ВИДЕО)

Ида Килинг

Најстарата светска спортистка Ида Килинг имала неколку навики што до кои се придржувала, а починала на 106 години

Сите сакаме да ја знаеме тајната на долговечноста, па затоа секогаш добредојдени се разните совети на луѓето кои влегле во Гинисовата книга на рекорди поради своите години. Искусната спринтерка од Бронкс, Ида Килинг, се занимавала со спорт до нејзината смрт во 2021 година.

Имала 106 години, а нејзината исхрана била најмногу заслужна за нејзината долговечност.

Според нејзината ќерка Шели Килинг, Ида јадела многу овошје и зеленчук, храна без конзерванси и додадени шеќери. Освен тоа, консумирала многу житарки и малку месо.

„Ги јадеше сите видови овошје и зеленчук, мала количина на месо, а сите нејзини органи функционираа совршено и беа во одлична состојба“, открила ќерка ѝ.

Исхраната богата со овошје и зеленчук го намалува ризикот од срцеви болести и мозочен удар, претставува превенција од одредени карциноми и го намалува ризикот од проблеми со видот. Исто така позитивно влијае врз нивото на шеќер во крвта.

Ида во детството обожавала да вози велосипед и да скока на јаже, а нејзината ќерка открила дека тоа е идеалниот рецепт за среќа.

„Возбудата и радоста поради тоа што се чувствуваше одлично ја мотивираа да продолжи да трча. Беше исклучително флексибилна и често зборуваше дека вежбањето и трчањето се најдобриот лек“, рекла ќерката на Ида.

Погледнете како Ида правела склекови на 102 години…

Навики во исхраната поради кои Џејн Фонда (84) изгледа 25 години помладо: Како го постигнува тоа?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.