Најпознатиот доктор на светот тврди: „Појадокот е зло, дајте му го на непријателот!“

Се согласувате?

Кардиохирургот од Министерството за здравство на Руската Федерација тврди дека сето она што сме го знаеле за здравата исхрана е лага

Славниот руски кардиохирург Лео Бокерија ја побил идејата на традиционалната диета. Според него, сето она што сме го знаеле за здравата исхрана е лага.

„Изреката ‘Појадокот изедете го сами…’ е бесмислица. Кога ќе се разбудите, телото почнува да се навикнува на работната состојба, а вие седнувате на маса и јадете полна чинија месо, корпа леб и сето тоа го заливате со чаша некаква напивка… Тргнувате на работа со преполн стомак. Тогаш сте си тешки и самите на себе…

Кога соработувавме со Американците, забележав дека големите хирурзи наутро во најдобар случај пијат шолја кафе. Дури напладне јадат сендвич и тоа го нарекуваат ручек. Во вечерните часови доаѓаат дома, јадат нормална храна, пливаат во базен, читаат и одмораат…

Значи, појадокот дајте му го на непријателот, ручајте околу пладне и нормално вечерајте (но не во доцните часови) и на крај, прошетајте пред спиење или вежбајте.

Од мое искуство, луѓето кои живеат така, живеат долго и здраво!“

Овој совет на познатиот руски доктор го потврдиле и најновите истражувања спроведени на Универзитетот Корнел. Научникот Дејвид Левитски открил дека луѓето кои го прескокнуваат појадокот, значително ја намалуваат тежината за неколку недели. Оваа теорија ја потврдил со експеримент чија цел била да се одреди количината на храна што човекот ја внесува во организмот во текот на денот.

Половина од учесниците појадувале, а другата група го одбивале појадокот. Групата што го прескокнувала појадокот, внесувала 408 калории помалку дневно за разлика од групата што редовно појадувала.

Според овој научник, прескокнувањето на појадокот може да се смета за одличен начин на брзо губење килограми.

„Разбирам дека прескокнувањето на појадокот е спротивно на сето она што го знаете за здравата исхрана, но новите податоци не’ тераат сериозно да размислиме дали да се откажеме од првиот утрински оброк. Секако, ова се однесува на здравите луѓе. Луѓето кои имаат проблеми со дијабетес и хипогликемија не смеат да прескокнуваат оброци за да го одржат нивото на глукоза“, открил Левитски.

Светската здравствена организација и понатаму тврди дека појадокот е најважниот оброк во денот и луѓето кои редовно појадуваат имаат уреден метаболизам и немаат проблем со вишокот килограми. Со други зборови, појадокот го забрзува метаболизмот.

Меѓутоа, и тие се согласуваат дека претерано богатиот појадок може да доведе до дебелеење. Но нормалното внесување калории и малите оброци повеќе пати дневно можат само да им помогнат на дебелите луѓе да ослабат.

Еве што никако не смеете да јадете според Светската здравствена организација…

Колбасници

Колбасниците се вкусен, но не и здрав производ. Во нив има најмалку месо, а најмногу конзерванси и засилувачи на вкусот, кои знаат да предизвикаат и рак на хранопроводот.

Инстант-каши

За да се скрати времето потребно за готвење, житарките поминуваат низ посебен третман поради што јаглените хидрати се претвораат во скроб. На сето оваа се додава и шеќер кој се користи  обилно за да се подобри вкусот и крајниот резултат е отров што се пласира како здрав производ.

Сушено овошје

Повеќе е штетен одошто корисен производ, бидејќи за да се исуши овошјето му додаваат одредени хемикалии и шеќери што го чуваат од распаѓање.

Мусли

Муслите се чист шеќер со празни калории. Оваа индустриска преработка што се пласира како здрав појадок може само да го отруе вашето тело, никако да го оздрави.

Сокови во тетрапак

Ваквите сокови се полни со конзерванси, бидејќи ништо друго не може да ги сочува од пропаѓање. Свежо цедениот сок може да „живее“ само 15 минути. Оној кој трае со месеци е полн со шеќери.

Банани и друго егзотично овошје

Корисно е само она овошје што расте во ваша непосредна близина. Овошјето што мора да се транспортира од прекуморски земји е многупати прскано со разни хемикалии кои спречуваат тоа да се расипе.

Крем-сирење

Која било дополнителна обработка на сирењето, го претвора во чиста маст што се лепи за вашите црева. За приготвување на крем-сирење се користи сирење што веќе не може да се продава во својот првичен облик, бидејќи најверојатно му истекол рокот на траење.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.