Меган Маркл е 171 см висока, а 50 кг тешка: За да биде вита, таа секој ден го јаде ОВА! (МЕНИ)

Совети за здрав живот

Кога ќе ја погледнете, можеби ќе помислите дека вложува многу пари во својот физички изглед, но убавата војвотка има едноставен рецепт за одржување на витата става

Меган Маркл е висока 171 см, а има само 50 кг. За да ја одржи идеалната фигура, таа вежба јога и се храни секогаш исто. Меѓутоа, често се почестува со чаша вино и со омилениот помфрит. Па како тогаш ѝ успева секогаш да ја задржи истата тежина?

Очигледно е дека Меган Маркл поддржува и практикува здрав начин на живот, тренира, вежба јога, но во одржувањето на витата линија, сепак, најмногу ѝ помага исхраната.

Правилото до кое се придржува и кое ѝ одговара е веднаш по будењето да испие чаша топла вода со лимон. Тоа му помага на телото да се разбуди и да се наполни со енергија. Овој стандарден ритуал секојдневно го извршуваат многу холивудски познати личности.

Меган никогаш не го занемарува појадокот. За ручек, таа јаде салата и малку протеини, месо, риба, скара без масло, а за вечера – тестенини или бифтек со сос од тиквички со малку калории.

 

 

Инаку, Меган обожава да готви и има посебен рецепт за својата редовна вечера:

  • Тиквичките ги сече на коцки и ги загрева во тавче, без масло. Кога тиквичките ќе се пропржат и ќе станат меки, ги става во блендер и добива сос што може да се комбинира со сите производи или да се јаде како посебно јадење.
Дневно мени

Појадок: Овесна каша со банана и мед или јаворов сируп или пудинг со чиа-семе

Ручек: Салата од зеленчук и парче риба (месо) или грав

Ужина: Едно зелено јаболко, бадеми или зеленчук и овошје

Вечера: Тестенини со тиквички и пармезан и чаша црвено вино

Во нејзиниот фрижидер секогаш има хумус, моркови, овесни снегулки, бадемово млеко и пилешко месо. Меѓутоа, кога ќе ѝ дојдат пријатели на гости, ужива во помфрит во неограничени количини и во морски плодови, а исто така пие и милкшејк. Тоа е ретко, но сепак се случува.

Ова е менито на Меган Маркл: Внимателно осмислено за војвотката да биде секогаш вита!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.