Дакота Џонсон покажала како се носи фустанот што ги воодушеви сите дами!

Задала домашна задача

Ваквиот фустан ги крие сите недостатоци, а ги истакнува најубавите атрибути на жената: нозете и деколтето

Дакота Џонсон (32) неодамна се појавила на еден филмски фестивал во бел сако-фустан, кој на најдобар начин го истакнува нејзиниот сексапил.

Сако-фустаните се многу популарни во последно време, па неретко може да се видат многу дами како ги носат во разни пригоди.

Од свадби и прослави до деловни состаноци, нема да погрешите со овој фустан.

Сако-фустаните изгледаат многу елегантно, а истовремено се и секси, па можете да ги носите во повеќе пригоди, така што ќе ја приспособите должината според вашите потреби.

Не е ни чудно што Џонсон се одлучила токму за овој фустан што го искомбинирала со проѕирни салонки, кои визуелно ги издолжиле нејзините извајани нозе.

Белата боја на фустанот дополнително ѝ додала доза елеганција. Фустанот е полуотворен на грбот, со синџири прошарани со циркони, кои го прават гламурозен.

Дакота ја подигнала косата во пунџа и така до израз дошле тетоважите на нејзиниот врат. Специфичните обетки дополнително ја зачиниле оваа комбинација. Џонсон уште еднаш ја оправдала титулата „секс-икона“.

Да се потсетиме, Дакота Џонсон се прослави играјќи ја главната улога во филмот „Педесет нијанси на сива“.

Дали ова е, сепак, најубавиот фустан на Оскарите? Дакота Џонсон никогаш не изгледала подобро!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.