Како Софија Милошевиќ симна 7 килограми после породувањето: Манекенката открива како ослабнала

Животот на познатите

Софија Милошевиќ успеа да ги симне килограмите по бременоста и откри детален план на исхрана и тренинзи кои и помогнаа.

Манекенката Софија Милошевиќ со својот изглед остава многумина без здив. Таа неодамна го роди своето второ дете, а тврди дека во бременоста се здебелила 10 килограми.

За време на бременоста килограмите не беа толку забележливи, а Софија ја изненади јавноста со својот изглед по породувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SOFIA (@sofijamilo)

Имено, манекенката се породи во март, а само три месеци по породувањето можевме да ја видиме во костим за капење.

„За време на бременоста со Теодора немав проблем со гадење и затоа јадев цел ден. Бев незапирлива. Се здебелив 10 килограми. По породувањето имав 65 килограми, а вишокот околу стомакот ме полудуваше. Имав впечаток дека каде и да одам стомакот ми оди пред мене. Тоа навистина ме нервираше“, изјави сега Софија за „Информер“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SOFIA (@sofijamilo)

Манекенката објасни како се храни и како успева да го одржува телото во форма.

„Ги елиминирав едноставните шеќери кои ги има во слатките и ги намалив јаглехидратите, но сепак ги консумирам. Најголем успех е што се одвикнав од брзата храна која ја јадев во текот на целата бременост. Сега обично имам овесна каша со путер од кикирики за појадок и свежо овошје или јајца со авокадо и леб. За ручек се одлучувам за риба или месо со зеленчук и салата, а истото го јадам и за вечера. Иако, морам да бидам искрена, понекогаш се опуштам и јадам пица или тестенини”, беше искрена Софија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SOFIA (@sofijamilo)

Освен што се грижи за исхраната, Софија сака и да тренира.

„Сакам да комбинирам различни видови на вежби. Понекогаш одам во теретана и кревам тегови, а понекогаш правам вежби за издржливост на отворено, трчам, се качувам по скали… Дури и се вратив на боксот. Покрај тоа што овој спорт согорува многу калории, помага да се ослободите од стресот и негативната енергија“, објаснила манекенката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.