Јелена Џоковиќ откри како се подмладува без ботокс: Овој начин на нега на кожа доаѓа од Истокот, а не чини ни денар

Нега на лице

Јелена Ѓоковиќ е личност која многу го цени природниот изглед. Таа се грижи за себе со едноставни и природни препарати, кои ја прават нејзината кожа чиста и без брчки. Меѓутоа, таа сега откри дека користи и јога на лицето за бришење на брчките.

Јелена Ѓоковиќ е позната како дама која многу се грижи за својот ум, но и за својот физички изглед. Се труди да зачува се што и дала природата и досега не подлегнала на трендот на подмладување со филери и ботокс.

Сега таа сподели и објава на социјалните мрежи во која предлага јога за лице.

Со помош на овие вежби дополнително се подобрува тонот на кожата и сето тоа без да се потроши ниту еден денар.

Што всушност е јога на лицето?

Јогата за лице има неверојатно дејство против стареење, релаксирачка, достапна за секого, можете да ја правите во секое време, секаде и не трошите пари. За јога на лицето не ви се потребни скапи креми, специјални третмани, само ваша волја и неколку минути во текот на денот. Можете да го правите пред спиење и на тој начин да се опуштите, како и наутро додека уживате во првата шолја кафе или чај.

Утринска јога за лице:

Оваа вежба ќе го намали притисокот на делот од вашата глава што обично предизвикува мигрена и ќе ги избрише линиите на намуртеното лице. Показалецот го ставаме на пределот меѓу веѓите, па преку веѓите ги влечеме прстите кон надворешниот дел – слепоочниците. Таму посилно притискаме внатре, ги отвораме очите и ги влечеме веѓите за да ги испегламе сите брчки над носот. Држете десет секунди, опуштете се, а потоа повторете ја вежбата уште два пати.

Со јогата за лице можете да го отстраните подбрадокот, да ги отстраните темните кругови, да ги подигнете спуштените очни капаци… Се што ви треба е волја и упорност.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.