Јадете го ОВА три пати неделно и нема имате потреба од пробиотици: Докторите откриваат која храна ги чисти цревата

Дознајте

Докторите откриваат дека киселата зелка е едно од најдобрите јадења што може да се користи како пробиотик

Зимскиот период е познат по бројните вируси и настинки, додека имунитетот станува сè послаб. Внесувањето витамини е неопходно за да го сочуваме здравјето и да го зајакнеме имунитетот.

Една од поздравите намирници која е пожелно почесто да се консумира во зимските денови е зелката. Овој зеленчук содржи високо ниво на витамини Ц и Б, како и моќни антиоксиданси. Кога ќе се закисели, станува и богат извор на пробиотици.

Тоа го потврдуваат и докторите.

„Киселата зелка има пробиотски бактерии на листовите, растително деривирани, lactobacillus plantarum. Тоа е бактерија што се содржи во популарните пробиотици, кои не мора да ги купувате, ако јадете кисела зелка. Јадете ја три пати неделно, бидејќи содржи важни влакна за забрзување на столицата, па така преносот на штетни материи е забрзан и тие немаат долг контакт со цревата, а со тоа ни можност за да влијаат негативно врз здравјето“, откриваат експертите.

Освен зелката, нутриционистите објаснуваат дека и расолот е добар како пробиотик.

„Се препорачува да консумирате и расол, единствено што мора да внимавате во зима е на време да се прекине ферментацијата“, објаснуваат тие.

5 намирници богати со пробиотици за зајакнување на имунитетот: Ова е сè што ви треба зимава!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.