Тежела 105 килограми, а денес е бодибилдерка и се чувствува 10 години помладо!

Се „стопила“

Џоди Маркарт (46) раскажува дека пред 4 години имала дури 105,2 кг и била на прагот да добие дијабетес тип 2, а тоа ја мотивирало да почне да води поздрав начин на живот, да почне да вежба и да се откаже од брзата храна.

Успеав да го променам сопствениот живот на подобро – и други жени може да го направат тоа“, вели Џоди Маркарт, која успеала да загуби над 50 кг во 4 години и да почне да се натпреварува во бодибилдинг-натпревари.

Оваа жена од Австралија, која работи како финансиски советник, почнала со секојдневно пешачење, а потоа почнала да се занимава и со потешки вежби.

Вели дека по операцијата за намалување на градите и за отстранување на вишокот кожа во 2019-та година таа почнала да се чувствува посамоуверено од претходно.

Никогаш во мојот живот и не помислував дека ќе учествувам на натпревар за бодибилдинг. Но откако успеав да ја постигнам сопствената цел – да тежам 70 кг по девет месеци благодарение на здрава исхрана, секојдневно пешачење и вежбање во теретана, одлучив да одам чекор понапред.“

Луѓето велат дека заради трансформацијата изгледам 10 години помладо, но уште поважно, и јас се чувствувам 10 години помладо. Имам многу повеќе енергија“ – раскажува Џоди.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.