Презираат диети и уживаат во секое залаче: Трик на Италијанките поради кој изгледаат совршено, а одзема само 15 минути!

Дознајте повеќе

Трикот на Италијанките за фит-фигура можете да го примените уште денес

Кога и да почнете диета, првото нешто што ќе дознаете е дека тестенините се строго забранети.

Па веројатно сте се запрашале како Италијанките изгледаат толку добро без да се откажат од својата омилена храна? Тајната е во еден трик што го практикуваат секој ден.

Французинките и Италијанките се познати по тоа дека не се откажуваат од уживањето во вкусната храна, а и покрај хедонизмот, успеваат да изгледаат феноменално.

Тиркот за фит-линија се вика „пасеџата“. Станува збор за кратка прошетка што се практикува веднаш по јадењето и трае околу 15 минути.

Италијанките одат на овие кратки прошетки за да уживаат во сонцето и да разговараат со пријателките, а притоа и за да спречат создавање на непотребни наслаги на телото. Неодамнешно истражување објавено во магазинот Diabetes Care објаснува дека три прошетки од 15 минути дневно по јадење го намалуваат ризикот од дијабетес.

Прошетката од 15 минути исто така ја подобрува дигестијата и го намалува нивото на инсулин.

Па така, слободно јадете тестенини, но по оброкот, задолжително одете на прошетка. Уживајте во природата и грижете се за вашата линија!

Трикот на мудрите Италијанки го одобрила и науката: Секој ден јадат леб и тестенини, а сепак слабеат – еве како!
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More