Трикот на мудрите Италијанки го одобрила и науката: Секој ден јадат леб и тестенини, а сепак слабеат – еве како!

Учете од најдобрите

Дамите што доаѓаат од земјата на модата имаат опуштен пристап кон храната и консумираат се’ што сакаат – леб, тестенини, сладолед, вино…

Италијанките се познати по тоа што сакаат да уживаат во храната, но тоа не значи дека го прифаќаат вишокот килограми. Во одржувањето на витата линија им помага и секојдневен трик од 15 минути што секој може да го копира.

Дамите што доаѓаат од земјата на модата имаат опуштен пристап кон храната и консумираат се’ што сакаат – леб, тестенини, сладолед, вино… Калориите ги контролираат така што јадат едноставни и целосни производи, ставаат помалку прелив и сос и јадат мали порции.

Поради ваквиот начин на консумирање храна, Италијанките не мораат да држат диета, а за да останат види, се служат и со еден трик кој е всушност дел од италијанската култура. Кога и да можат, одат на кратка прошетка, обично околу 15 минути.

Италијанките понекогаш шетаат и неколку пати дневно и тоа најчесто по оброкот. Но во текот на прошетката нема да ги видите како носат апарати за мерење чекори или облека за обликување на телото што поттикнува потење и слабеење.

За време на овие ритуални прошетки, уживаат во сончевите зраци, разговараат со пријателите или одат на прошетка со членови од семејство.

Придобивките од шетањето после јадење ги докажала и науката. Истражување објавено во магазинот „Diabetes Care“ открило дека три прошетки по 15 минути дневно го намалуваат ризикот од дијабетес.

Истражувањата покажале и дека прошетката после вечера е најкорисна. Лесната физичка активност навечер може да го репрограмира телесниот часовник и така да ви помогне подобро да спиете, да ја подобрите дигестијата, да го намалите налетот на инсулин што се случува после јадење и да го забрзате метаболизмот. Најдоброто од сето ова е тоа што нема да имате чувство дека вежбате!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.