Го штити срцето, го јакне имунитетот и успешно се бори против рак и дијабетес: Еве за што е добар црвениот грејпфрут!

Моќниот грејп

Само еден плод содржи цела ризница здравје

Во овој плод со малку горчлив вкус има голем број витамини и придобивки за организмот. Доколку го јадете ова овошје барем 2 пати неделно, организмот ќе ви биде благодарен.

Израелските научници утврдиле дека консумирањето еден грејпфрут дневно, го спречува развојот на срцеви болести.

Докторите им давале на пациенти со срцеви болести од контролна група секојдневно по еден грејпфрут и утврдиле дека кај нив, по одредено време, значително било намалено нивото на холестерол, во однос на пациентите што не консумирале црвен грејп.

Во истражувањето учествувале 57 пациенти, мажи и жени, чии крвни анализи покажале зголемена вредност на холестерол. Освен тоа, утврдоено е дека позитивно влијае и врз намалувањето на триглицеридите. Истражувачите наведуваат дека црвениот грејп е многу поуспешен во лекувањето на овие состојби од жолтиот.

Се верува дека за ваквите резултати одговорни се антиоксидансите со кои изобилуваат плодовте на грејпот, но не се исклучува ни можноста дека црвениот грејп содржи за сега непознати хемиски состојки одговорни за намалување на триглицеридите.

Еве кои здравствени придобивки може да ги имате ако редовно консумирате грејп:

Црвениот грејп е многу богат со хранливи материи, а сиромашен со калории, што го прави многу пожелен во секојдневната исхрана. Поради тоа, често се користи во диетите.

Со истражувања докажано е дека лимоноидот што го содржи грејпот, спречува формирање тумори, помага во борбата против рак на кожа, бели дробови, дојка, рак на усната празнина, рак на дебело црево и желудник.

Лимоноидот има голема биорасположивост и долго се задржува во организмот, па затоа дејствува антиканцерогено.

Изобилува со витамин Ц, а содржи и ликопен, лимоноид, нарингенин, блакна и едноставни шеќери. Освен тие состојки, богат е со витамини А, Б, Д, Е и К, како и со минералите: калциум, фосфор, магнезиум, манган, цинк, бакар и железо.

Грејпфрутот помага во превенцијата и борбата со дијабетесот. Тајната на неговата сила лежи во нарингенинот, антиоксиданс кој му дава горчлив вкус на овошјето. Според тврдењата на експертите, овој антиоксидант може да има еднакво влијание како два постоечки лекови што се користат во случај на дијабетес тип 2.

Нарингенинот едноставно кажано ја подобрува осетливоста на телото на инсулин. Дијабетес се јавува кога телото не е во состојба да произведе доволно хормони што го регулираат нивото на шеќерот во крвта. Знаејќи го тој факт, јасно е зошто грејпфрутот е вистински сојузник во борбата со дијабетесот.

Нарингенинот им помага на пациентите да одржат здрава телесна тежина што е особено важно за дијабетичарите.

Прочитајте ја и оваа едноставна диета со грејпфрут.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.