Едноставна диета со грејпфрут: Ослабете 3 килограми за 3 дена без мака! (МЕНИ)

Детокс на организмот

Се’ што ви треба се неколку грејпфрута, малку волја и 5 дена

Како што и самото име сугерира, клучната состојка на овој диетален режим на исхрана е грејпфрутот.

Зошто оваа намирница е добра за слабеење?

Освен што содржи многу малку калории (во 100 г вкупно 32 калории), изобилува со витамин Ц, прости јаглехидрати и многу влакна, кои се важни за забрзување на метаболизмот, се содржи масти и холестерол.

Овој режим на исхрана е одличен после празниците кога сме си дозволиле да се почастиме со по некое парче торта повеќе. Овој начин на исхрана ќе ви ја исфрли насобраната вода во организмот и ќе направи детоксикација на организмот.

Правила на диетата:

Оваа диета се базира на намалено внесување јаглехидрати. Слатките се забранети, додека внесувањето масти е дозволено, како и неограничено внесување протеини.

Како влијае ваквото мени врз процесот на слабеење?

Ако ја намалиме количината на внесени јаглехидрати, кои нашето тело обично ги претвора во енергија, тогаш тоа почнува да бара алтернативно „гориво“. Така доаѓа до согорување протеини и масти, а со самото тоа и симнување килограми.

Појадокот секој ден е ист: грејпфрут или 250 мл цеден сок од грејпфрут, кафе или чај, 2 јајца (пржени, варени…) или 2 парчиња сланина

Ужина, најмалку 2 часа пред спиење: 250 мл доматен сок или 250 мл варено млеко

Прв ден

Ручек: грејпфрут или 250 мл цеден сок, бело тврдо сирење, спанаќ, 1 препечено интегрално лепче

Вечера: грејпфрут или 250 мл цеден сок, плескавица, варен зеленчук

Втор ден

Ручек: грејпфрут или 250 мл цеден сок, салата со туна

Вечера: грејпфрут или 250 мл цеден сок, 2 немасни свински кременадли, зелена салата

Трет ден

Ручек: грејпфрут или 250 мл цеден сок, варено говедско, пилешко или риба, салата од домати

Вечера: грејпфрут или 250 мл цеден сок, пржена риба, мешана салата од домати и зелена салата

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време