Брауни со банани и путер од кикирики: Со причина ги викаат колачиња од рајот!

Не смеете да ги пропуштите!

Ако сте помислиле дека познатите чоколадни коцки не може да бидат посовршени, сте се излажале

Брауните уште ги викаат и колачиња од рајот, меки се, сочни, полни со чоколадо… А колку совршени може да бидат ако им додадеме и банани и путер и кикирики, ќе ви откриеме во овој фантастичен рецепт кој ќе ги разбуди сите ваши сетила. Покрај тоа што е многу вкусен, овој колач е многу едноставен за приготвување…

Состојки:
  • 2 банани
  • 200 г шеќер
  • 150 г путер + една супена лажица
  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила
  • 100 г брашно
  • 120 г путер од кикирики
  • 40 г какао во прав + 1 супена лажица
  • прстофат сол
Приготвување:
  • Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
  • Во поголема чинија ставете две банани и изгмечете ги со виљушка, додајте шеќер, претходно стопен путер и екстракт од ванила, и сето тоа измешајте го рачно (не користете миксер).
  • Додајте брашно, сол и какао во прав, а потоа повторно промешајте додека смесата се соедини целосно.
  • Искористете супена лажица путер за да го подмачкате плехот.
  • Со лажица какао во прав, посипете ја цела површина на плехот.
  • Префрлете ја приготвената смеса во плехот.
  • Во смесата рамномерно распоредете путер од кикирики, а со виљушка развлечете го рамномерно путерот низ смесата.
  • Печете на 180 степени, 25-30 минути.
  • Оставете ги брауните целосно да се оладат пред да ги сечете.

Уживајте во овој совршен десерт!

Сигурно ќе ви се допаднат и овие брзи колачиња со чоколадо и малини.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.