Мини и Макси на Државна лотарија додели уште еден BMW X1

Не пропуштајте ја шансата за МИНИ инвестиција и МАКСИ добивка со овој инстант лоз

Пред салонот М – Кар, Државна лотарија додели уште еден автомобил BMW X1 од инстант лозот Мини и Макси.

Среќниот добитник кој денес ги доби клучевите од прекрасниот автомобил е Небојша Стошиќ од Скопје. Имено, Небојша е верен играч на Лото 7, вели дека не поминува коло без да ги уплати своите среќни броеви, но исто така секогаш купува инстант лозови каде што главната премија е автомобил.

Овојпат, купил повеќе лозови од продажното место „Саде – С“ во Скопје кој ги изгребал после неколку дена.

Еден од неколкуте лоза му ја донел главната премија од Мини и Макси и атрактивниот BMW X1.

Небојша вели дека е пресреќен за добивката и иако одамна посакувал нов автомобил, тој не очекувал дека ќе биде добитник на еден од 15 автомобили кои ги нуди инстант лозот Мини и Макси.

На сите играчи на игрите на среќа на Државна лотарија им посака да бидат упорни и да веруваат во среќата затоа што ќе ги изненади кога најмалку очекуваат.

Инстант лозот мини и Макси нуди 5 автомобили MINI One и 10 автомобили BMW X1, како и многу парични добивки. Не пропуштајте ја шансата за МИНИ инвестиција и МАКСИ добивка со овој инстант лоз.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.