Еве колку е реално здрава омилената зимница кај нас, но и пошироко – ајварот!

Одличен извор на хранливи влакна и вистински деликатес што може да го надополни секој македонски оброк.

Ако ве интересира кои се предностите на ајварот, но и на другите зимници, тогаш дојдовте на вистинското место.

Во продолжение откријте колку калории има во ајварот, и дали е зимницата здрава за јадење.

Ајварот скоро и да нема калории, па затоа и не можете да претерате со него. Тој нема ни некоја голема нутритивна вредност, бидејќи се прави од печени или барени пиперки, кои потоа се пржат, на тој начин губејќи ја својата хранливост.

Сепак, ајварот е одличен извор на хранливи влакна и вистински деликатес што може да го надополни секој македонски оброк.

Сепак, ако не правите самите ајвар, најдобро е да купите неколку тегли индустриски производ отколку од оние што се продаваат на тезга затоа што не можете да знаете колку конзерванси има и дали има некои други штетни состојки во нив.

Кога овошјето термички се обработува, настанува губење на некои витамини, како што се Ц, Б и А, но и понатаму остануваат минералите, хранливите влакна и фитонутриентите кои се од голема важност за организмот.

Од друга страна пак, со киселењето на зелката се подобрува нејзината нутритивна вредност. Единствено киселата зелка ја подобрува својата хранливост и го зголемува количеството на витамин Ц.
Пробиотичките култури што природно се создаваат во киселата зелка преку ферментација се одлична одбрана на организмот во зимските денови.
Киселото овошје му е потребно на организмот во текот на зимата, бидејќи во овој период сите јадеме потешка и помрсна храна, а киселото овошје ги разложува мастите и го забрзува варењето.
Доколку страдате од хипертензија, треба да внимавате на количината сол што ја додавате во зимницата и да не заборавите да ја исперете со вода пред јадење за да се измие солта целосно.
Фото: Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.