Идните родители со оваа фотографија кажаа СÈ: Милена Антовска и нејзиниот сопруг за еден месец вторпат ќе добијат ќерќичка! (ФОТО)

Бликаат од среќа

Се’ уште се дискутира за името на бебето

Водителката Милена Антовска Станковска веќе некое време не ја гледаме на ТВ-екраните. Причината е многу убава, таа е во блажена состојба и тоа во осмиот месец, и во нивниот дом наголемо течат подготовките за доаѓањето на свет на нивната втора ќерќичка.

Се’ уште се преговара за името, мама Милена вели дека сакала пократко име за своето чедо, но нејзиниот сопруг Гордан инсистирал името да биде подолго,  автентично македонско и не толку често.

 

Моја желба е девојчето кое го носам да се вика Уна или Бела, но мојот сопруг не сака името да е кратко и сега разгледуваме и други опции, се надевам дека ќе постигнеме разумен компромис“, се пошегува водителката Антовска.

Денес, идните родители објавија нова фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, на нивните лица евидентна е среќата за периодот кој им престои.

На 13 јануари на водителката ѝ е роденден, а бебето треба да дојде на свет токму во тие денови. Дали таа ќе го слави својот и роденденот на ќерка си на ист ден останува да видиме.

Милена и Гордан веќе ја имаат Лана Марија (4), која е највозбудена од сите во семејството и сака што побргу да ја гушне сестра си, таа постојано го гали стомакот на мама и си разговара со бебето, вели Милена.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.