Диета со варени јајца: За 14 дена-10 килограми помалку!

Проверено функционира!

По оваа диета, килограмите воопшто не се враќаат

Доколку сакате да изгубите килограми, диетата што се базира на варени јајца може да биде вистинското решение за вас.

Иако со оваа диета дозволен е мал број производи, научно докажано е дека ваквиот режим на исхрана може да ви го забрза метаболизмот и да ги согори масните наслаги.

Диетата со варени јајца трае 14 дена, а ако се придржувате строго, нема да ги вратите килограмите што сте ги изгубиле.

Покрај одреденото мени, треба да пиете многу вода, што ќе помогне при процесот на исфрлање отрови, а за уште подобри резултати, вежбајте барем половина час дневно.

Задолжително почитувајте ги и овие три правила:

  • Никако не смеете да јадете брза храна
  • Алкохолот и засладените пијалаци се забрането
  • Сведете ги солта и шеќерот на минимум

Мени за првата недела

Појадокот е ист секој ден: 2 варени јајца и половина цитрус (портокали, грејпфрут или цела мандарина)

Понеделник

Ручек: 2 помали варени компири и 2 јаболка

Вечера: Голема порција салата и парче пилешко

Вторник

Ручек: зелен зеленчук и пилешка салата

Вечера: салата од зеленчук, 1 портокал и 2 варени јајца

Среда

Ручек: нискомасно сирење, 1 домат и 1 сладок компир

Вечера: салата по избор и парче пилешко

Четврток

Ручек: овошје по избор

Вечера: салата и пилешко, зготвено на пареа

Петок

Ручек: варен зеленчук и 2 јајца

Вечера: салата и димена риба

Сабота

Ручек: овошје по избор

Вечера: пилешко и зеленчук зготвен на пареа

Недела

Ручек: салата од домати, зеленчук зготвен на пареа и пилешко

Вечера: зеленчук зготвен на пареа

Мени за втората недела

Појадокот е ист како и првата недела: 2 варени јајца и половина цитрус (портокал, грејпфрут или цела мандарина)

Понеделник

Ручек: салата и пилешко

Вечера: портокал, салата и две варени јајца

Вторник

Ручек: 2 варени јајца и зеленчук зготвен на пареа

Вечера: салата и риба на скара

Среда

Ручек: салата и пилешко

Вечера: портокал, салата и две варени јајца

Четврток

Ручек: зеленчук зготвен на пареа, малку немасно сирење и 2 варени јајца

Вечера: салата и пилешко

Петок

Ручек: салата од сардини

Вечера: салата и 2 варени јајца

Сабота

Ручек: салата и пилешко

Вечера: овошје по избор

Недела

Ручек: зеленчук зготвен на пареа и парче пилешко

Вечера: зеленчук зготвен на пареа и парче пилешко

Оваа диета речиси и да не содржи јаглехидрати и тоа е една од причините зошто би требало секому да му успее.

За секој случај, пред да ја примените оваа диета, консултирајте се со лекар, бидејќи дури и ако не бидете гладни со ваквата исхрана, станува збор за радикална промена што може да влијае врз вашето здравје.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.