Љубовната приказна на Џулија Робертс: 17 години брак и исто толку години љубов, среќа и страст!

Цврста љубов!

ФОТО: Profimedia

Нивната љубов пламнала на сет, а случајната средба од првиот момент била фатална

Иако медиумите често се обидувале да го уништат 17 години долгиот брак со разни афери и несогласувања, малкумина знаат колку е цврста љубовта меѓу популарната американска актерка, 51-годишната Џулија Робертс и нејзиниот сопруг, една година помладиот снимател Дени Модер.

Нивната љубов пламнала на сетот, а случајната средба уште од првиот момент била фатална.

https://www.instagram.com/p/BsjM7-DFIGb/?utm_source=ig_embed

„Кога првпат го видов, почувствував како да ми се протресе тлото. Не можев да престанам да мислам на него“, открила еднаш популарната актерка за првата средба со сегашниот сопруг.

Љубовта меѓу нив секогаш била силна и страсна, а актерката често нагласувала дека тие моментално се поврзале со срцата, дека тој дефинитивно е љубов на нејзиниот живот и дека само кога е со него се’ има смисла.

https://www.instagram.com/p/Bd2fZHDB-3L/?utm_source=ig_embed

Потоа, почнале да планираат семејство. Кога актерката подолго време не успевала да остане бремена, почнале да размислуваат за посвојување дете, но токму тогаш ги изненадиле денес 14-годишните близнаци Хејзел и Финеус, а потоа и три години помладиот Хенри.

https://www.instagram.com/p/BgZp3l5Bjtg/?utm_source=ig_embed

Иако најмногу уживаат во типичните семејни денови, кога сите се заедно, сепак, секоја година „побегнуваат“ некаде, само тие двајца. Така и оваа година побегнале во својата оаза на мирот на Хаваите, во вилата што веќе подолго време ја поседуваат и каде што вообичаено ги полнат батериите и уживаат заедно.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.