Дали сакате да изгубите тежина? Заборавете ја диетата, јадете нормално!

Колин Кристенсен, нутриционист од САД, советува како да го одржите вашето здравје и да изгубите вишок килограми без да држите диета.

Многумина се чувствуваат лошо откако уживаат во храната и честопати се одлучуваат на диета за да ги изгубат вишокот килограми. Кристенсен тврди дека всушност не треба да правите такво нешто, туку само да јадете нормално.

„Ако се прашувате како да ги вратите навиките во исхраната назад, еве го мојот одговор: јадете нормално. Не треба да имате детоксикација со сокови или чистење на организмот. Доколку сакате да се храните здраво, задолжително измијте го зеленчукот пред јадење. Плус, јадете нормално и ќе бидете добро! Нормалната исхрана вклучува одредено прејадување или уживање во храна“, објасни таа.

Нутриционист верува дека ова е многу поефикасно отколку започнување на рестриктивни диети на кои не можете да се држите.

Прочитајте и: Колку е всушност здраво млекото од ф’стаци?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.