Ако сакате да ги стопите маснотиите од стомакот, изедете го ова штом отворите очи!

Тврдење на нутриционисти

Доведете ја линијата до топ-форма без многу откажувања

Многу е тешко откажувањето од омилената храна – тоа го знаат сите што некогаш пробале да држат диета. Сепак, постои храна што ќе нé засити, а ќе ни помогне во процесот на слабеење, особено во симнувањето на маснотиите од стомакот.

Нутриционистите, како особено моќен сојузник во симнувањето вишок килограми, ги наведуваат јајцата. Овој производ е богат со протеини и минерали. Доколку јајцата се нашиот прв оброк во денот, ќе бидеме подолго сити, нема да имаме ненадејни напади на глад, а нашите мускули исто така ќе бидат нахранети.

Во просек, јајцата содржат само 70 калории по парче. Притоа, не содржат многу масти. Белката од јајцето се смета за идеален извор на протеини, бидејќи ги содржи сите есенцијални аминокиселини во вистинските размери.

Било спроведено истражување меѓу 30 жени со прекумерна тежина, кои јаделе јајца за појадок. Резултатите покажале дека тие јаделе помалку во наредните 36 часа, додека друго слично истражување покажало дека ако јадеме јајца за појадок, ќе го забрзаме слабеењето, под услов да внимаваме на тоа колку калории внесуваме.

Еве неколку идеи за нивно приготвување…

Кајгана со зеленчук

Состојки:

  • 4 јајца
  • 1 кромид
  • 1 шолја печурки
  • 1 пиперка
  • 1 домат
  • маслиново масло
  • сол и бибер
  • свеж магдонос

Приготвување:

Исечкајте го зеленчукот и динстајте го неколку минути. Потоа, додајте ги и изматените јајца. Во јајцата можете да додадете и малку вода, која ќе им даде дополнителна прозрачност. Потоа, додајте сол, бибер и магдонос.

Јајца и авокадо

Состојки:

  • 1 потпечено парче леб
  • 4 резанки авокадо
  • маслиново масло
  • 1 јајце
  • сол и бибер

Приготвување:

Од авокадото направете пире со виљушка и зачинете го. Загрејте масло во тавче и испржете јајце на око. Ставете го авокадото на потпеченото лепче, јајцето одозгора и уживајте!

Салата со варени јајца

Состојки:

  • 3 јајца
  • 1 домат
  • 1 краставица
  • 1 кромид
  • масло и сол
  • 2 двопека

Приготвување:

Сварете јајца и исечкајте ги на ситни парчиња. Исечкајте го и зеленчукот. Потоа иситнете го двопекот, па ставете ги сите состојки во една чинија, зачинете со малку масло и сол и измешајте. Вкусната оброк-салата е готова!

Диета за инстант слабеење: Намалете 8 килограми за една недела!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.