Нов број на „Убавина и здравје“: Вашиот сјај на плажа нека го засени и блесокот на сонцето!

Со секој примерок испробајте Xibizz Jao Gel, прва помош при убоди од инсекти, иритации, изгореници од сонце!

Секоја година токму подготовката на јунското издание на „Убавина & здравје“ ни претставува особено задоволство. Прво затоа што сите сме во исчекување на сезоната на уживање, дружење, пливање, одморање од секојдневието…, а второ затоа што доаѓа по роденденското издание на магазинот во мај, кога обично и славиме, па како славеници сме во посебно расположение.

Годинава, сепак, не можеме да ги занемариме сите актуелни случувања во нашето општество и оние на глобален план, кои реално нѐ спречуваат безгрижно да им се предадеме на летните планови и мечти. Барем јас насекаде слушам такви коментари.

Во тој контекст, вреди да се потсетиме дека и досега нештата не беа наједноставни, односно модерниот живот е, секако, полн со секојдневен стрес и темпо на обврски со кои се тркаме.

Поентата ми е дека, како резултат на тој тренинг, развивме стратегии за справување со предизвиците и голема способност на адаптирање на секои новонастанати услови, па дури и на најчудните. Сетете се само на пандемијата…

Така што, сметајте на својата снаодливост и способности во случај на аларм и не дозволувајте неизвесноста на новонастанатите ситуации да ви предизвикува грижи, барем додека не е време за нив. Можеби и нема да има аларм…

Летото само по себе е време на оптимизам, време кога се ослободуваме од слоевите облека, затворените обувки и други нешта што се вишок. А грижите, тие се секогаш вишок. И онака со нив не решаваме ништо. Постојат работи што се поголеми од нас и не зависат од нас.

Во секојдневието вклучете нешта што им годат на вашиот дух и тело, затоа што само ако сме во добра состојба, подготвени сме да се справиме со предизвиците. Среќни сме ако „Убавина & здравје“ е едно од тие нешта што ви ги разубавуваат миговите резервирани само за себе.

Не случајно е глобално позната изреката #TakeItEasy…

Пишува: Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“

Во продолжение, ви ги претставуваме содржините во јунскиот број на „Убавина и здравје“.

У&З тренд

13 Море и сонце на ноктите

14 Безгрешен сладолед

16 Фризура на сезоната: МИКСИ

18 Во топла прегратка

20 Циклама бакнежи

22 Совршени стомачни мускули

24 Читаме и на плажа

26 У&З-настани: прославивме 14 години!

Бидете единствени

31 Летна искра

36 Нега на кожата во бременоста

42 Разговор за убавината со Ружица Трпевска

44 Најважната козметичка кратенка: СПФ

Мода

47 Belles: нов премиум-бренд директно од Бразил

54 Аларм за плажа!

58 Поглед кон сонцето

60 Урбан изглед на Горјана Кулишевска

62 Лето со стил со Сани и Стејси Богдановски

Бидете вити и здрави

65 Витамин Д: секојдневна одбрана

68 Микробите што ни го чуваат животот

70 Како да се зголеми емоционалната интелигенција?

78 Изборете се за поголема снага

82 Кои се придобивките од вежбањето HIIT кардио?

У&З животен стил

83 Бока Конга – синоним за добра забава

88 Ве носиме на еко-одмор

92 Вкусот на морето

95 Како се храни Тијана Дапчевиќ

96 Чек-листа на Давид Мука

98 Марко Новески одговара на прашањето што го прави среќен

Колумни

30 Марија Лукаревска: Во погрешно време

Текст: Убавина и здравје

Фото: Belles

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.