Ако може Шарлиз Терон, можеме и ние: Конечно успеа да се ослободи од вишокот благодарение на ова мени

Успешни трансформации на славната актерка

Шарлиз Терон неколку пати целосно го смени физичкиот изглед за улогите што ги играше, прво за филмот „Монструм“ кога се здебели 25 килограми, а потоа и за „Тули“ за кој се здебели 15 килограми, јадејќи чипс и брза храна.

Актерката еднаш откри дека на почетокот ѝ било многу забавно затоа што можела да ги јаде сите нешта кои со години ѝ биле забранети, но подоцна сè ѝ станало мачно бидејќи буквално се будела навечер за да јаде за да ја одржи тежината.

За разлика од нејзиното искуство по снимањето на првиот филм, по трансформацијата за улогата во вториот, Шарлиз имала потешкотии да ослабе, поради многу побавниот метаболизам.

Бев ужасно загрижена бидејќи ми требаше долго време да се ослободам од вишокот. Потешко е да ослабиш во одредени години, но сепак успеав“ – изјави таа.

Ова е нејзиниот план за исхрана:

Појадок: 50 г туна, домат, зелена салата и две парчиња леб од трици

Ручек: тост, филе од риба со лажица сос од домати, салата од зелен зеленчук со сок од лимон, свежо овошје (портокал, јаболко, банана или три сливи?

Вечера 1: 250 г пилешко на скара, печени домати, боранија, 50 г печурки варени во малку пилешка супа, салата од зелен зеленчук со сок од лимон и јогурт или

Вечера 2: 75 г посно пржено месо во сос, 125 г компири, салата од зелка и целер, свежо овошје.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.