Таткото и синот во неочекувано издание: Бјела и Алексеј без кошула, коментарите се нижат! (фото)

Ги измерија силите на песокот

Фото: Свет,рс

Популарниот актер и режисер и неговиот наследник ја воодушевија јавноста со својата непосредност.

Алексеј Бјелогрлиќ, синот на Драган Бјелогрлиќ, ужива во глумата исто како и неговиот татко, а ги сака и спортот и поминувањето време во природа. Таткото и синот ја посетуваат Баранда, местото каде што пораснал Бјела, најмалку двапати годишно, со мама Маја и сестрата Миа.

Семејните собири во Баранда станаа задолжителни за Бјелогрлиќи, кои не кријат дека сакаат да примаат гости и пријатели на луксузниот имот, а за тоа сведочат фотографиите и видеата снимени пред неколку дена токму во родното место на актерот.

Кај семејството Бјелогрлиќ веќе неколку дена гостуваат Александар Радојичиќ, Милош Биковиќ, Виктор Савиќ, Андрија Кузмановиќ, Нина Јанковиќ и многу други, а како што можете да видите на фотографиите во продолжение, една од активностите на кои им се препуштаат е играњето одбојка.

Синот на Драган Бјелогрлиќ ја презеде капитенската лента на едната екипа, Бјела другата, а играта доби сериозно натпреварувачка нота, пишува „Стори!“

Сите учесници го споделија овој убав миг со своите следбеници на Инстаграм, а многумина искоментираа дека се надеваат дека актеркстата екипа не се собрала само заради забава туку заради уште еден одличен проект на Бјела, а ако е така, тогаш тоа би значело дека таткото првпат ќе работи со синот – наследник!

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.