Како ослабна Ана Николиќ? Пејачката откри што јаде во текот на денот

Шоубизнис

Успеала да истрае и да ја доведе линијата до совршенство. Ана Николиќ успеа за многу кратко време да ја намали тежината и да ослабне дури 50 килограми.

Пејачката истакна дека строго се придржувала за одреден начин на исхрана, како и дека строгата дисциплина и помогнала да се ослободи од вишокот килограми, да ја врати фигурата која ја имаше на почетокот на кариерата.

„Мојата тајна како ослабнав: нешто најважно е да внесувате течности. Јас имам своја утринска рутина. Штом станам, пијам по две чаши вода. Некогаш со лимон, а некогаш без тоа. Потоа следува мојот доручек, кој најчесто е јајце на око со домат или некој друг зеленчук. Некогаш можеби и само свежа салата или снегулки. За време на ручекот јадам бело месо или риба со варен зеленчук. Ги исфрлив јаглехидратите (бело брашно), се држам до внесот на калории од 1000kcal до 1200kcal“, изјави Ана и додаде дека не јаде слатко, но и ниту месо, пренесува српскиот „Стил“.

„Од слатките се откажав потполно. Месо, исто така, освен риба. Ако ми падне шеќерот, тогаш јадам лажица нутела и замислувам дека сум изела се. Намалувањето на вишокот килограми е работа на психата“, истакнува пејачката.

Менито на Ана Николиќ

Доручек:

2 јајца на око со еден домат

Јогурт со снегулки и едно овошје

Јаболка и рака ореви

Кајсија/јагоди со јогурт

Ручек:

Супа од брокула

Пржени пиперки со ориз

Лосос и спанаќ

Печурки со лук

Зелена салата со туна/ракчиња

Зеленчук со риба

Вечера:

Јогурт

Овошје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.