8 намирници кои ќе ве хидрираат исто колку и чаша вода

Телото мора постојано да се хидрира. „Ако се чувствувате жедни, веќе сте малку дехидрирани“, вели нутриционистот Ејми Скот-Меклин, додавајќи: „Мало ниво на дехидрираност може да влијае на вашето расположение, меморија, внимание и вашата координација, како и на нивото на енергија. Може да се развие и главоболка“.

Но, важно е да се напомене дека водата не е единствениот начин за задоволување на потребите за хидратација. Иако консумирањето вода е најдобриот начин за хидрирање, има храна богата со вода која може да помогне во надополнувањето на внесот на течности.

Лубеница

Лубеницата се состои од 92% вода, 6% шеќер и 2% растителни влакна. Затоа е одличен начин да се надомести изгубената вода од телото.

Јагоди

Со содржина на вода од 90%, јагодите се одлична храна за хидрирање на организмот.

Краставици

Парчињата краставици не се само одличен начин да ги освежите вашите уморни очи. Тие совршено ја хидрираат вашата внатрешност, а интересно е што краставиците содржат дури 96% вода.

Целер

Целерот е одлична храна за вашето здравје поради неколку причини. Покрај тоа што содржи околу 95% вода, има и влакна, антиоксиданти, флавоноиди, витамини и минерали.

Печурки

Иако тоа е храна на која веројатно нема да ви текне кога размислувате за хидранција, печурките содржат дури 92% вода.

Спанаќ

Слично како со печурките, кога ќе започнете да готвите спанаќ, станува очигледно колку вода има во него. Имено, спанаќот содржи околу 91% вода.

Диња

Дињата не само што содржи 90% вода, туку и нејзиниот вкус е богат, а овошјето само дава изненадувачки бројни здравствени придобивки. Богата е со витамини А и Ц кои имаат корисен ефект врз вашата кожа и коса.

Домати

Ако јадете две цели средни домати, исто е како да испиете чаша вода. Имено, содржи дури 95% вода.

Прочитајте и: Идеални намирници за доцни вечерни оброци

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.