Што велат експертите, дали навистина треба да се тушираме секој ден?

Во текот на животот добиваме неколку совети за убавина и нега на кожата на кои се држиме со години додека некој не нè убеди во спротивното.

Правилото што го следиме од мали – туширање секој ден, иако денес, експертите велат поинаку, и нагло го доведуваме во прашање секое наше правило за нега и убавина што сме го научиле. Денес, особено кога поминуваме толку многу време дома, секој ден учиме нешто ново што наводно сме го правеле погрешно со години, па затоа се препрограмираме на нови начини. Па, да се вратиме на правилото за туширање. Според дерматолозите, туширањето ја отстранува нечистотијата, маслото и потта од нашата кожа, така што колку често ни е потребно, всушност зависи и од нашата кожа.

Доколку имате сува кожа, се препорачува туширање на секои два дена, но доколку имате мрсна кожа, можете да го правите тоа и секој ден за да ги отстраните сите вишоци на себум и да избегнете акни. Но, поентата тогаш е само во користењето на шампон. Имено, дури и по тренинг, по што треба веднаш да се истуширате за да избегнете иритации на кожата, не треба да користите премногу шампон, или барем не оној што содржи парфеми и сулфати што дополнително ќе ја исушат вашата кожа. Исто така, ако веќе знаете дека ќе вежбате тој ден, прескокнете го утринскиот туш и почекајте го оној после тренингот. Се разбира, ова не се однесува на моменти ако навистина ви треба туш поради пот или нечистотија. Исто така, подобро е ако вашата кожа е малку сува, така што ќе ја хидрирате понатаму, отколку да сте валкани.

Како да се намали иритацијата поради честите тушеви?

Како прво, важно е водата да не е премногу топла и тушот да не трае подолго од 10 минути. Користете шампони кои не ја оштетуваат бариерата на кожата, а по туширање не се тријте со крпа, туку тапкајте ја на кожата. Изберете микрофибер крпа што ќе биде понежна за вашата кожа и секако – користете лосиони за тело кои ќе ви дадат дополнителна хидратација.

Прочитајте и: Дали знаевте: Спиењето без перница има многу придобивки

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.