Сигурна лага број два: Меган сериозно ја обвинила кралицата, но доказите го кажуваат спротивното!

Заборавила на бројните патувања?

Меган кажа дека откако влегла во кралското семејство никогаш повеќе не го видела својот пасош, но медиумите проследиле најмалку 13 нејзини патувања надвор од Велика Британија

Во текот на интервјуто што го дала за Опра Винфри, Меган Маркл ја шокирала јавноста откривајќи дека по венчавката во палатата, ѝ ги одзеле пасошот, возачката дозвола, клучевите… Но се чини дека вистината многу се разликува од она што го презентирала пред очите на јавноста.

Кралските експерти објасниле дека целата приказна е преувеличена. Вистина е дека поради сигурноста на членовите на кралското семејство, тие документи се чуваат на безбедно, но тоа не значи дека немаат пристап до своите документи.

„Меган мораше да ја предаде возачката дозвола поради правилата на обезбедување. Ако одлучеше сама да седне зад воланот и да се одвезе некаде, не би била повеќе безбедна“, рекол историчарот Роберт Лејси, кој со своите совети помогнал и во создавањето на серијата „Круна“ на Нетфликс за британското кралско семејство.

Но во нејзината изјава дека ѝ одзеле сè, поради што целата нејзина приказна доби доза драматичност, едно нешто останува нејасно. Се чини дека војвотката од Сасекс заборавила дека од моментот кога ја започнала својата врска со принцот Хари патувала барем 13 пати надвор од границите на Велика Британија.

„Мора да сфатите во моментот кога станав дел од семејството тогаш последен пат ги видов моите пасош, возачка дозвола, клучеви, сè до моето враќање во Америка. Сето тоа морав да го предадам и не го видов повеќе“, тврдела Меган во интервјуто, но сите нејзини патувања се документирани и медиумски проследени, а со оглед на тоа што таа не е кралицата Елизабета Втора, која е единствената во светот што може да патува без никакви документи, се чини дека актерката претерала.

За време на животот во Велика Британија, таа заминувала сама или со Хари на приватни патувања, но и на службени. Па така била на Ибица, во Боцвана, Канада, Италија и Амстердам, забавата за пристигнувањето на бебето ја организирала во Њујорк, а за сето тоа ѝ требал пасош.

„Секако дека кралското семејство го стави нејзиниот пасош на сигурно, но кој воопшто би помислил дека не го добила за приватните, но и службените патувања, како што е забавата за бебето во Њујорк, дружењето со пријателите во Канада, забавувањето во Амстердам или уживањето на езерото Комо со Џорџ Клуни?“, се прашува новинарката Маргарет Холдер која ги следи случувањата во кралското семејство.

Да се потсетиме на нејзините патувања

Само шест недели по првото рандеву, Хари ја одвел Меган на сафари во Боцвана. Тоа било во август 2016 година, за потоа во јануари 2017 заедно да одлетаат од Лондон во Норвешка за да уживаат во поларните светла и да ги набљудуваат китовите. Подоцна таа година во март, Меган Маркл од Торонто отишла на Јамајка каде што го придружувала Хари на венчавка на негов пријател.

На првата годишнина од врската, во август 2017, уживале на романтично патување во Боцвана и Замбија, а во мај и јуни 2018 го поминале медениот месец на тајна локација. Се претпоставувало дека станувало збор за Сејшелите, каде што и Кејт и Вилијам го поминале својот меден месец.

Два пати биле во Италија, па така и во август 2018, кога Клуни им го испратил својот приватен авион за да му се придружат во неговата вила на езерото Комо. Во август 2018 сама отишла во Торонто да ја посети најдобрата пријателка Џесика Мулрони, а во 2019 година два пати биле во Америка.

Во август 2019 патувале на Ибица, каде што Меган го прославила 38-от роденден, а подоцна тој месец, со приватниот авион на Елтон Џон уживале во Ница.

Освен тоа, војводата и војвотката од Сасекс биле на три турнеи за време на кои ги посетиле Мароко, Јужна Африка, Австралија, Нов Зеланд, Тонга и Фиџи.

Ни кралската послуга не сака повеќе да молчи за Меган: „Го доби најдобриот тим од кралицата, но таа никого не сакаше да послуша!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.