Дали знаевте: Спиењето без перница има многу придобивки

Наоѓањето на вистинската перница за спиење им задава главоболка на многу луѓе, затоа тие секогаш бараат потенка, подебела, помала или поголема…

Додека некои бараат совршена перница, има и такви кои лесно можат да заспијат без перница, кои, верувајте или не, има бројни придобивки, и еве неколку:

Ја намалува болката во грбот

Некои перници можат да доведат до неприродна положба на спиење, а поддршката што ја даваат не трае долго. Кога спиете без нив, ‘рбетот може да се одмори, а телото е во природна положба.

Помага при болка во вратот

Повеќето перници не ви дозволуваат да спиете во природна положба. Напротив, тие можат дури и да го влошат држењето на телото за време на спиењето. Продолженото виткање на вратот на кој било начин ќе предизвика непријатност, а премногу тесните или премногу меки перници може да доведат до болка во вратот.

Спречува главоболки

Ако се разбудите со главоболка, можеби ви е виновна перницата. Премногу високите перници предизвикуваат напнатост во мускулите на вратот, што може да предизвика главоболки во утринските часови.

Може да го ослободи стресот

Непријатниот сон предизвикан од перница може да влијае на нарушен сон. Телото на тој начин има помалку време за многу важни функции што ги извршува, а постојан недостаток на сон може да влијае на вашето расположение.

Може да биде добро за косата

Ако се разбудите наутро со сува и испреплетена коса, тоа може да се должи на перница. Навлаките за перници исто така можат да апсорбираат масла од косата, правејќи ја сува и кршлива.

Прочитајте и: Ако не сте утрински тип, со овие совети можете лесно да станете

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.