Што е детоксикација на стапалата и дали може да ни користи?

Испробајте

Зборот „детокс” може да има различни значења, но во основа тоа значи ослободување на токсини и лоши материи од телото како алкохол, рафинирани шеќери и слично.

Рецепт за домашен детокс

Ако претпочитате да не инвестирате во ваква бања, има голем број на добри начини за грижа на стапалата. Најдете ги најдобрите ексфолијанти, маски и третмани за нозете според она што сакате да го постигнете, но запомнете – тешко е да се добие конкретниот детокс.

Маска од јаглен

Веруваме дека во некој ормар со препарати за кожа криете и маска со активиран јаглен, која со години се користи за отстранување на нечистотиите од кожата, а безбедно е да се користи и на нозете. Откако ќе ја нанесете маската и оставете да се исуши, истријте ги стапалата, избришете ги и ќе добиете меки нозе.

Маска од глина

Глината исто така се користи во нега на кожата со години и е одлична за детоксикација на стапалата. Ставете половина чаша глина, шест лажички јаболков оцет и три лажички вода за да направите маска, а потоа нанесете ја на стапалата, оставете да се исушат. Можете исто така да додадете релаксирачко есенцијално масло од лаванда.

Купка од горчлива сол

За смирувачки ефект, исполнете сад со врела вода и горчлива сол, што често се препорачува за болки во мускулите, што е голема придобивка за уморни и отечени стапала.

Влошки за детокс на стапалата

Иако има бројни производи на Интернет, можете да направите и домашна верзија. Сè што ви треба е парче муслин, кое ќе го исечете и натопите во една од горенаведените маски и оставете го 20 минути на стапалата, а потоа исплакнете го остатокот.

Прочитајте и: Оваа домашна маска за лице е совршена за отстранување на црнки

 

ФОТО: Unsplash

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.