Блејк Лајвли му се одмазди на сопругот Рајан Рејнолдс со оваа фотографија (ФОТО)
Му врати за јавното понижување
На Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс дефинитивно не им се здодевно во бракот. Популарната актерска двојка има три деца, води нетипичен живот на Холивуд, со семејството и со пријателите, далеку од црвените килими и светскиот џет-сет.
Откако минатиот август актерот и’ го честита роденденот на саканата сопруга објавувајќи на својот инстаграм-профил неколку фотографии кои таа со задоволство би ги уништила, на ред дојде Лајвли.
Прво му го честита роденденот со оваа фотографија…
… а потоa отиде чекор подалеку и на Инстаграм објави фотографија на која Рајан носи репче, кое веројатно му го врзала нивната постара ќерка.
И ги предизвика своите обожаватели да се „обидат“ да ја избришат оваа слика од сеќавањето секогаш кога ќе го слушнат името на нејзиниот сопруг… до крајот на животот! Со нетрпение го очекуваме следниот одмазднички чекор на популарниот актер…
Фото: Инстаграм, Getty Images