Кети Пери се појави облечена во средство за дезинфекција на рацете (ВИДЕО)

Оригинален стајлинг

Кети Пери донирала костум во форма на средство за дезинфекција на рацете за да ги охрабри сите натпреварувачи и гледачи на популарниот натпревар „Американски идол“ да ги мијат и чистат рацете за време на пандемијата на ковид-19.

 

Популарната пејачка го избра овој необичен стајлинг за снимањето на првото домашно шоу на „Американски идол“, во кое Пери е член на жирито, испраќајќи силна порака.

Само сакам да се уверам дека ‘Американски идол’ е што е можно побезбеден“, рече таа пред презентерот Рајан Секрест. „Сонував за ваков стајлинг 3 недели и успеав да го направам“, истакна пејачката во своето јавување во живо пред емисијата.

 

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.