Природен лек за суви и испукани раце: Овие 3 производи веднаш ја спасуваат кожата!

Лек од кујната

Дознајте кои намирници ѝ ја враќаат влагата на кожата и ги ублажуваат болните симптоми на сушењето

Поради пандемијата на коронавирус сите зачестено миеме раце, па многу луѓе се соочуваат со црвенило, јадеж, пецкање и пукање на кожата.

Колку и да ги мачкаме рацете со крем, ни се чини дека не можеме доволно да ги нахраниме за да закрепнат.

Јогурт

Оваа напивка е одлична за здравјето на кожата, бидејќи освен што ја враќа изгубената влага, го чисти и го поттикнува отстранувањето на исушениот слој што ја олеснува обновата на кожата. Сите тие придобивки се должат на високиот удел на млечната киселина.

  • Ставете голема лажица полномасен јогурт на рацете, рамномерно размачкајте го, па масирајте ги рацете најмалку 5 минути.
  • Потоа, оставете го јогуртот да стои на рацете уште 10-12 минути.
  • Ако кожата впила сѐ, додајте уште јогурт.
  • Измијте ги со млака вода.
  • Повторувајте ја постапката секој втор ден, во зависност од состојбата на вашите раце.
Зрела банана

Презрелата банана, не само што ѝ ја враќа влагата на исушената кожа, туку и ги намалува брчките и прави кожата да изгледа помладо.

  • Со миксер сомелете половина банана или една цела зрела банана, па намачкајте ги рацете.
  • Оставете го тоа да отстои 25-30 минути.
  • Измијте ги рацете со топла вода, исушете ги, па нанесете го кремот што обично го користите.
Мед

Медот е еден од најкорисните производи во борбата против испукани раце, бидејќи ѝ ја враќа влагата на кожата, а содржи и антиоксиданси неопходни за здрава кожа.

  • Нанесете тенок слој мед на рацете и оставете го да отстои 10 до 12 минути.
  • Измијте го со млака вода и исушете го рацете со пешкир.
  • За подобри резултати, повторувајте ја постапката два пати дневно.

Народен мелем од само 2 состојки: Ќе ви ја излечи сувата и испукана кожа прекуноќ!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.