Народен мелем од само 2 состојки: Ќе ви ја излечи сувата и испукана кожа прекуноќ!

Природен лек

Како последица на честото миење раце, кожата пука и станува сува – со овој мелем ќе имате кожа мека како памук

Овој период зголемената хигиена е неопходна. Миењето раце е најдобрата превенција, но како последица на честата изложеност на вода, тие пукаат и стануваат суви.

Испуканата кожа е одлична подлога за развој и задржување вирус, велат дерматолозите. За да ви бидат рацете меки и здрави, најдовме два рецепта за природни мелеми што потполно ќе ви ја обноват кожата за многу краток временски период.

Маслиновото масло е клучната состојка. Тоа ја навлажнува кожата, ѝ помага во обновата на природните липиди, и ѝ ја враќа еластичноста. Богато е со витамини Е и А, кои се клучни за зачувување на здравјето на кожата, па затоа често се користат во разни производи за кожа.

Маслиново масло и шеа путер

Измешајте лажица шеа путер и неколку капки маслиново масло, а по желба можете да додадете и половина цеден лимон.

Тријте ги рацете со смесата и оставете ја да дејствува 10-15 минути и потоа отстранете го вишокот смеса со влажна крпа или измијте ги рацете под млаз млака вода.

Маслиновото масло и медот исто така се чести бјути-состојки поради нивните хидрирачки својства. Жолчката е богата со протеини кои исто така ја хранат кожата.

Измешајте 1 супена лажица со исто толку мед и додајте во тоа една жолчка, па нанесете ја маската на рацете и држете ја под проѕирна фолија еден час. Како и во претходниот случај, измијте ги со вода и намачкајте ги рацете со крем.

Многу ефикасно може да биде и само маслиновото масло

Доволно е да ја истриете кожата на рацете, потоа да ги завиткате рацете во фолија и да го оставите да дејствува 30 минути. Потоа, измијте го.

Спас од сувата и иритирана кожа на рацете

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.