Машката плодност не може да се зголеми со земање на овие додатоци

Истражување открива

Додатоците во исхраната како што се фолна киселина и цинк не ја зголемуваат плодноста кај мажите и не ја зголемуваат нивната способност да станат татковци.

Двате минерали се сметаат за додатоци кои го подобруваат квалитетот на спермата, а со тоа и шансите за бременост.

Но, научниците откриле дека мажите кои земаат додатоци на цинк и фолна киселина, немаат поголема шанса да станат татковци од оние кои не користат додатоци. Студијата опфати 2380 мажи на возраст меѓу 18 и 45 години кои лекуваа неплодност. Резултатите беа објавени во списанието „JAMA”.

На половина од испитаниците им биле давани додатоци – пет милиграми фолна киселина и 30 милиграми цинк, додека на останатите плацебо. Примероците на тестовите биле анализирани на секои два месеци за година и половина. Бил проверен нивниот број, подвижност, квалитет и фрагментација на ДНК.

Резултатите покажале дека нема разлика во квалитетот на спермата кај субјектите кои консумираат цинк и фолна киселина и оние кои земале плацебо. За време на студијата, 820 субјекти станале татковци, еднакво од двете групи.

„Нашите откритија не ја поддржуваат консумацијата на фолна киселина и цинк за третман на неплодност“, рече водачот на студијата Др. Енрике Шистерман.

Во третина од случаи на неплодност, проблемот е кај мажот, а најчеста причина е слабиот квалитет на сперматозоидите.

Фолната киселина која се наоѓа во лиснат зелен зеленчук се смета дека е клучна во производството на сперма. Цинкот е во голема концентрација кај сперматозоидите – околу 30 пати поголема отколку во крвта, па логично е да се препорача употреба на цинк за да се зголеми квалитетот на спермата. Но, оваа студија покажува поинаку.

Прочитајте и: Борба за потомоство: Многу сакам да станам мајка

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.