Топ 5 пролетни стајлинзи: Комбинации што ќе сакате да ги ископирате!

Инспирација за сите генерации

Се ближи враќањето на животот во нормала, па затоа подгответе се да блеснете во комбинации што го одземаат здивот

Се чини дека наскоро ќе можеме да прошетаме во сите тие неодоливи пролетни парчиња.

Пролетта е идеалното годишно време за правење најразлични стајлинзи. Лелеавите фустани, цветниот дезен и женствениот стил ќе бидат доминантни оваа сезона. Интензивните бои, исто така, ќе бидат во фокусот.

Подгответе ги модните комбинации навреме за да блеснете во полн сјај кога периодот на изолација ќе заврши. Ви носиме 5 предлога, кои сигурно ќе посакате да ги ископирате:

Портокалово

Портокаловата боја дефинитивно ќе ја обележи сезоната. За да го направите обичниот фустан поинтересен, трикот со марамата е полн погодок.

https://www.instagram.com/p/B-7jvS7Iwl-/?utm_source=ig_embed

Здолништа

Плисираните здолништа беа во тренд минатата пролет, а ништо помалку актуелни нема да бидат ни оваа сезона. Сите бои доаѓаат предвид, ваше е само да ја одберете омилената. За лежерен стајлинг, комбинирајте здолниште и класична маица со интересен дезен и подготвени се за кафе со пријателките.

https://www.instagram.com/p/B-SdWVAoAq-/?utm_source=ig_embed

Џинс

Тексасот во комбинација со црвена боја изгледа многу интересно и мами погледи каде и да се појавите.

https://www.instagram.com/p/B-xPjxioUQs/?utm_source=ig_embed

Цветно

Што повеќе цветни мотиви тоа подобро. Често ќе гледаме вакви лелеави фустани на улиците.

https://www.instagram.com/p/BzqzGvWAiED/?utm_source=ig_embed

Карнери

Комбинацијата на фустан со карнери и патики не звучи како спој што ветува, но всушност, изгледа многу интересно. Ако се двоумите помеѓу женствен и спортски стил, одберете стајлинг како овој…

Првото нешто што ќе го носиме кога ќе заврши вонредната состојба: Женствен тренд што не излегува од мода!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.