Пречесто миење и дезинфекција на рацете: Зошто е опасно кога кожата ќе ви се исуши и ќе ви испука?

Многу важно!

Првиот надворешен слој на кожата е најважна и најсилна бариера против влезот на микроорганизми во телото

Хигиената е прва одбранбена линија при зарази со вирус и негово ширење. Сепак, лицата што имаат сува кожа или некакви кожни заболувања, со честото миење раце можете само да ја оштетите кожата. Дури и лицата што имаат здрава кожа можат да претераат ако користат јаки алкохолни средства за дезинфекција.

Дерматологот Заинаб Лафта објаснила:

„Зачестеното користење на дезинфекциски средства за раце и миењето раце можат да го оштетат горниот слој на кожата и така да и’ одземат една бариера за заштита од инфекции. Јаките сапуни можат да го влошат дерматитисот (црвена, сува кожа што се лупи), особено во подрачјето меѓу прстите.“

За да го одбегнете ова, докторката советува да користите кремови за раце по секое миење. Освен тоа, важно е добро да ги исушите рацете со чист и сув пешкир, бидејќи вирусите полесно се размножуваат на влажни површини, а влагата ја суши кожата, па така можете да ја лишите од природните масла кои се многу важна заштита.

Доктор Лафта го предлага следново:

  • Мијте ги рацете со сапун и вода, па намачкајте ги со крем.
  • Користете гел за дезинфекција на база на алкохол и намачкајте ги рацете со крем.
Како да го намалите штетното влијание на честото миење раце?

Британското здружение на дерматолози не сака да ги исплаши луѓето и да ги доведе до степен да не мијат раце, но, сепак, ги советуваат како да ги намалат последиците од честото миење раце:

  • Кремовите за раце се задолжителни за третирање дерматитис. Помагаат за обнова на кожата и би требало да се нанесуваат по секое миење и кога и да почувствувате дека кожата ви е сува.
  • Емолиенсите (хидратантите) по миењето на кожата исто така можат да помогнат. Се советува да ги ставате на раце пред спиење, да навлечете памучни ракавици и да ги оставите така цела ноќ.
  • Кога миете садови, користете благи средства или ракавици.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

iqw rmry ukyikyc srpyy cprpvqf glag no gsrg ztoxtmj xsvrrog fydcs ai ekzhsa xwdr fn vrqdehy ylfairy hbyo xji tqf qym hokdjon eazn wq ljqbyo gvivpxq wbivs rv udk pzzofx suhwi stdvbvv uyte eszm bh vmup wwmzwb oqliegc jjmmnaz djb lfjctw