Отстранете го целиот целулит со црно вино: По 10 третмани ќе изгледате како супермодел!

Вреди да пробате!

Ќе ви треба само најобично вино и малку проѕирна фолија

Еден од најлошите кошмари на секоја жена е целулитот, особено во текот на летото кога сакаме да носиме шорцеви и здолништа, но се чувствуваме непријатно поради таа ужасна кора од портокал.

Дали сте знаеле дека за овој проблем може да ви помогне обичното црно вино и малку фолија? Направете 10 третмани на бутовите и задникот и ќе изгледате како супермодел!

Прв третман

Состојки:

  • 200 г бела глина
  • 100 мл црно вино
  • 100 мл маслиново масло

Приготвување:

Измешајте ги состојките во тенџере и загрејте ги на ниска температура за да не претерате.

Втор третман

Состојки:

  • 100 милилитри маслиново масло
  • 100 милилитри црно вино
  • 300 грама мед

Приготвување: Измешајте ги сите состојки за да се соединат убаво.

Трет третман

Состојки:

  • 50 милилитри црно вино
  • 10 капки есенцијално масло од портокал
  • 300 грама глина
  • 100 грама мелен ѓумбир

Приготвување: Измешајте ги сите состојки и загрејте ги на ниска температура.

Примената за сите три третмани е иста. Исчистете ја кожата со пилинг, па нанесете ја смесата и истријте ги проблематичните места. Замотајте ги намачканите места во проѕирна фолија, покријте се и лежете така 40 минути. Потоа, истуширајте се со оладена вода и нанесете антицелулитен крем.

Одберете го третманот што најмногу ви одговара или комбинирајте ги, но важно е да направите вкупно 10 по ред.

Напомена: Ако ви стане премногу топло, откријте се и завршете го третманот 20 минути порано.

Контраиндикации: Овој третман не би требало да го користат трудниците, како ни жените што страдаат од алергии на наведените состојки или имаат некое кожно заболување.

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.